01 ноември 2022

Превентивна активност на СВР Тетово во Гостивар

Во рамките на планираните превентивни активности на СВР Тетово за овој период од годината, полициски службеници од Отсекот за превенција денеска (1 ноември) го посетија гостиварскиот голем пазар и остварија непосредни средби со продавачите и граѓаните-купувачи на најразлични, пред се земјоделски производи. На средбите им беше објаснето и советувано да внимаваат на нивните паричници и други вредни предмети кои ги носат со себе, зa да се заштитат од џепни кражби.

На граѓаните, исто така, им беше укажано и да бидат претпазливи во контакти со непознати лица кои на и околу пазарите им нудат производи со сомнително потекло и квалитет, но и разни други услуги. Вакви средби ќе бидат реализирани и на другите пазари на поширокото полошко подрачје, во функција на подобрување на вкупната безбедност и намалување на имотните деликти и измамите.