Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи Скопје, продолжувајќи со своите активности во рамки на превентивниот проект “Безбедност во училиштата“ вчера (27.10) заедно со полициски службеници од Полициските станици од општа надлежност Кисела Вода и Карпош, како и полициски службеници од Полициското одделение Сарај, реализираа едукативни работилници во три основни училишта на подрачјето на овие организациони единици при СВР Скопје.
Во рамките на работилниците во основните училишта “Круме Кепески“ (Кисела Вода), “Братство“ (Карпош) и “Ибе Паликуќа“ (село Бојане) учениците од седмите и осмите одделенија беа едуцирани околу местото и улогата на учениците во концептот на превенција, особено низ призмата на училишните Клубови за превенција што веќе се формирани во овие училишта. Посебен осврт беше посветен на корпусот на човекови права, односно правата на децата, правните и други механизми за нивна заштита од разните видови насилства, зависности...