27 октомври 2022

Превентивна активност на ПС Крушево

Во рамки на превентивните активности на Секторот за внатрешни работи Битола, од областа на имотните деликти, вчера (26.10.) полициски службеници од Полициската станица во Крушево во центарот на градот реализираа превентивни активности под мотото – “,Безбедна заедница-мирна заедница".

Притоа, во непосредна комуникација со граѓаните, полициските службеници им укажуваа како да се заштитат од кражби, како и од измамите во кои што најчесто целна група се постарите лица и пензионерите.
Во рамки на оваа активност, дополнително на граѓаните им беа делени и печатени едукативни материјали со најбитните информации за превенција од овој вид кривични дела.