Полициски службеници од Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Велес заедно со полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кавадарци денеска (25.10.) во детска градинка “Рада Поцева“ – клон “Снежана“, во Кавадарци реализираа превентивна активност на тема – “Безбедност на децата во сообраќајот“.
При посетата и средбата со дечињата од оваа воспитно-образовна и згрижувачка установа полициските службеници ги поучуваа децата околу безбедното преминување на пешачки премин, но и за сообраќајни правила и прописи важни за пешаците. Со помош на соодветен видео материјал на дечињата од градинката им беа презентирани основните правила и прописи во сообраќајот особено важни за осигурување на нивната безбедноста, со посебен осврт кон улогата на пешачкиот премин. Односно каде, како и на кои места треба да се поминуваат сообраќајниците а притоа да се почитува вертикалната и хоризонталната сообраќајна сигнализација.