23 октомври 2022

Превентивна активност на СВР Битола: "Безбедно возење на трактор и земјоделска механизација"

Денеска (23.10.2022) на подрачјето на Општина Могила Секторот за внатрешни работи Битола - Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола во координација со РСБСП спроведоа превентивна кампања ,,Безбедно возење на трактор и земјоделски машини''.

Во рамки на активноста, на тракторите и земјоделските машини беа поставувани флуоресцентни лепенки за поголема видливост како и ротациони светла. Исто така, со лицата што управуваат земјоделска механизација беше разговарано за важноста од исправноста на механизацијата вклучена во сообраќајот.