Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола, заедно со полициски службеници од криминалистичката полиција од СВР Битола денеска (21.10) во битолската гимназија “Јосип Броз Тито“ реализираа едукативна работилница посветена на темата - "Злоупотребата на дрогата, насилството и сајбер булинг".
На работилницата на која што учествуваа ученици од прва година, полициските службеници во непосредна комуникација со средношколците ги презентираа различните форми на зависност и на насилството, како и начините за препознавање и за заштита од овие појави во и вон училиштата,. Исто така се говореше и околу сајбер булингот преку социјалните мрежи како потенцијален причинител на девијантни поведениа, вклучително и насилството.
Инаку и во претходните два дена Отсекот на превенција при СВР Битола реализираше превентивни активности. Така, вчера (20.10.) во Ресен беше реализирана превентивна активност под мотото “,Безбедна заедница-мирна заедница" во рамки на која што на повеќе локации во градот во разговор со граѓани беше укажувано за важноста од превенција и соработка со полицијата во насока на креирање безбедна заедница, а на граѓаните им беа делени едукативни печатени материјали. Завчера пак, во Битола, полициски службеници од Полициската станица Битола на повеќе локации во градот реализираа превентивни поуки на тема – заштита од имотни деликти, односно заштита од кражби во куќи и станови, деловни објекти, продавници, бутици, при што во непосредна комуникација со граѓаните беше апелирано на поголема будност, но и соработка со полицијата во заедничко превенирање од имотните деликти.