Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје, продолжувајќи со активностите во рамки на проектот “Безбедни училишта“ денеска реализираа едукативни работилници со учениците од основните училишта “Кирил и Методиј“ во село Кучевиште, општина Чучер Сандево и „Перпарими“ во село Крушопек, општина Сарај, а со учество и на полициски службеници од Полициските одделенија Мирковци и Сарај.
Следејќи ги идејните цели на проектот децата да се запознаат со основните информации за настанувањето и последиците од девијатните појави како што се насилството, зависностите, трговијата со луѓе, злоупотребата на пиротехнички средства, сообраќајната безбедност, односно на појави во кои децата се појавуваат како исклучително ранлива популациска категорија, во текот на едукативните предавања полициските службеници се фокусираа на начините за нивна превенција и заштита.
Односно за подобрувањето на безбедноста како во училиштата, така и надвор од нив, притоа насочувајќи се преку формирањето на училишни Клубови за превенција - децата да се инволвираат во превентивните активности и да се подгине на повисоко ниво соработката меѓу училиштата и полицијата во превенирање на овие појави. Така што и во двете училишта со ученици од седмите и осмите одделенија беа формирани Клубови за превенција.