20 октомври 2022

Децата од градинката „Сонце“ во посета на ПС Аеродром

Во рамки на воспитно-образовниот процес за деца од предучилишна возраст, денеска (20.10.) деца од детската градинка ,,Сонце” во oпштината Аеродром ја посетија Полициската станица од општа надлежност Аеродром.

Децата имаа можност да слушнат за важноста на професијата полицаец, како таа се остварува и кое е нејзиното значење за безбедноста на луѓето.

Децата од градинка ,,Сонце” беа прифатени од полициските службеници кои ги прошетаа низ работните простории, а исто така им беа презентирани дел од материјално- технички средства за работа на полицијата.