20 октомври 2022

Превентивна активност на СВР Скопје во училиште на територија на Бит Пазар


Во рамки на превентивниот проект “Безбедност во училиштата“ денеска (20.10) во Основното училиште “Васил Главинов“ на подрачјето на Полициската станица од општа надлежност Бит Пазар, Одделението за превенција при СВР Скопје ја реализираше третата едукативна работилница на тема:“меѓуврсничко насилство “.

Во текот на едукативната презентација на која што учествуваа и полициски службеници од ПС од ОН Бит Пазар, учениците беа запознаени со начините на препознавање на елементите што доведуваат до меѓуврсничкото насилство, потоа за можностите како и на кој начин да се подобри севкупната и лична безбедност на учениците, а особено внимание беше посветено на последиците и санкциите пто произлегуваат од ова социо-девијатно поведение.

На децата им беше укажано дека од суштинско значење е почитувањето на законите и градењето на доверба меѓу учениците и полицијата во насока на развивање на меѓусебната соработка, пред се преку формираниот Клуб на превенција каде што децата треба да бидат рамноправни и активни членови.