Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север денеска (20.10.) во кумановско Белановце реализираа првентивна активност од областа на превенција од бесправна сеча на шума. На средбата на која беа претставници на месната заедница и жители од Белановце полициските службеници говореа за штетноста од појавата на незаконска и неконтролирана сеча како на приватните шуми, така и на самиот шумски појас, а особено внимание беше посветено на законските последици што произлегуваат од бесправното сечење на шумите, вклучително и при нелегалниот транспорт и продажба на дрвата.
Целта на активноста беше информирање на граѓаните, но и градење на атмосфера на доверба со полицијата за заедничко превентивно делување во насока на сузбивање на оваа крајно штетна појава на уништување на шумскиот фонд.