Вчера (19.10.) полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, односно Канцеларијата за развој на полицијата реализираа едукативна работилница со ученици од прва и втора година од СУГС “Шаип Јусуфи“ во населбата Шуто Оризари во Скопје.
Работилницата беше посветена на “Препознавање и реагирање на говор на омраза на социјалните мрежи“, со оглед дека младите се најзастапени корисници на интернет. Учениците беа запознаени со начините и механизмите за препознавање и превенирање на ваквите социо-девијантни појави.