20 октомври 2022

Превентивна активност на СВР Куманово

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово во соработка со Црвениот крст Куманово вчера во Домот на културата “Трајко Прокопиев“ во Куманово одржаа едукативно предавање за учениците од неколку кумановски основни и средни училишта.

Предавањето, инаку посветено на одбележувањето на Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе, беше посветено на подигањето на свеста и знаењата кај младата популација од опасностите поврзани со трговијата со луѓе како еден од тешките форми на организиран и сериозен криминал. Притоа, полициските службеници им ги презентираа на учениците неопходните релевантни информации околу трговијата со луѓе – причини, форми, последици – но и начините и можностите за благовремена детекција на оваа криминогена појава во која детската и младата популација се најчестите таргет групи, особено во смисол како да се заштитат себеси и своите врсници од трговија со луѓе.