19 октомври 2022

„Вози одговорно - стави појас“, превентивната активност на ОВР Делчево

Денеска (19.10.2022) од страна на полициски службеници од ОВР Делчево реализирана е превентивна активност ,,Вози одговорно - стави појас“. Превентивната активност беше спроведена на подрачјето на Делчево, каде што на учесниците во сообраќајот им беше укажувано задолжително да го користат сигурносниот појас, затоа што тоа значително влијае на тоа какви ќе бидат последиците од евентуалните сообраќајни несреќи. Обврската за користење на сигурносниот појас се однесува како за возачот, така и за сопатниците. Некористењето на сигурносен појас се санкционира со парична казна. На учесниците во сообраќајот им беше поделен и печатен едукативно-информативен материјал.