Во рамките на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје, како дел од Годишната програма на одделението од денеска (19.10.) и во наредните денови ќе биде реализиран превентивниот проект “За безбеден град“.
Притоа, денеска полициски службеници од Одделението за превенција ја реализираа првата едукативна работилница во СУГС “Ѓорѓи Димитров“, заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Карпош, а на теми поврзани со злоупотребата на опојни дроги и проблемите со зависностите.
Работилницата која што концепциски беше реализирана како четири училишни часа со присуство на околу 120 ученици од трета година при средното училиште имаше за цел исцрпно, преку практични и стручни искуства на учениците да им ги презентира сите битни информации за злоупотребата на дрогите, за последиците што ги носи, но и за начините како да се препознае и благовремено превенира во соработка со полицијата и со наставничкиот и стручен кадар во училиштето.