На 18.10.2022 полициски службеници од РЦ за ГР Исток во соработка со Црвениот крст Делчево, по повод 18 ти Октомври „Европски ден за борба против трговија со луѓе“ одржаа едукативно предавање на тема: „Превенција од трговија со луѓе“ за членови на Клубот на млади при ООЦК Делчево, со цел подигање на јавната свест за опасностите поврзани со трговија со луѓе.
Преку едукативна презентација младите беа информирани за начините и можностите како да се заштитат од овој вид на криминал .Преку примери на младите им беа презентирани низа информации за препознавање на трговијата со луѓе, при што е потенцирано особено да бидат внимателни при онлајн комуникацијата со непознати лица.