Денеска (18.10.) во Кавадарци на повеќе локации во градот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кавадарци реализираа превентивни активности посветени на проблематиката со имотните деликти, односно превенцијата, особено кај постарите категории граѓани од кражби и измами.
Под мотото “,,Заштити го домот од кражби-безбедност на вашиот дом“, фокусирајќи се особено на тешките кражби, како и измамите, полициските службеници им укажуваа на граѓаните, пред се постари лица и пензионери за постапките што треба да се превземат за превенција и заштита од овие форми на кривични деликти, како и околу потребата од комуникација и соработка со полицијата за нивно ефикасно сузбивање. Притоа, на граѓаните им беа делени печатени материјали со информативни содржини за нивно запознавање како и на кој начин можат да се заштитат од овие имотни деликти.