18 октомври 2022

Превентивна активност на ОВР Радовиш по повод 18-ти Октомври- Европскиот ден за борба против трговија со луѓе

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш при СВР Струмица во соработка со Црвениот крст Радовиш и со педагошката служба при Средното општинско училиште “Коста Сусунов“ во Радовиш, денеска одржаа едукативна работилница со учениците од ова средно училиште.

Работилницата реализирана по повод 18-ти Октомври- Европскиот ден за борба против трговија со луѓе, имаше за цел преку стручно и практично апсолвирање на темата – “Борба против трговијата со луѓе“ да им се пренесат на учениците сите основни информации за овој вид организиран криминал во кој што младите и децата се таргетирана популација.

Во рамки на едукативното предавања на средношколците им беа презентирани низа начини не само за рана детекција од опасностите од трговија со луѓе туку и околу можностите како да се заштитат пред се себеси и своите врсници од трговија со луѓе.