Од денеска (17.10.2022) СВР Битола преку Отсекот за превенција, заедно со Полициската станица за безбедност на сообраќајот, портпаролот на СВР Битола, во координација со Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, Народна техника Битола и Авто-мото друштвото „Ѓорѓи Наумов“ Битола па сѐ до крајот на овој месец ќе одржат едукативни предавања на првачињата во сите основни училишта во Битола.
Денеска беше одржано првото од низата предавања, и тоа во ОУ „Стив Наумов“ во Битола.
Целта на овие предавања, меѓу кои и денешното, е запознавање на најмалите со сообраќајните правила и прописи за безбедно движење како пешаци од домот до училиштето и, воопшто, во сообраќајот.