Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со полициски службеници од Полициските станици од општа надлежност Центар и Аеродром, денеска (17.10) реализираа едукативни работилници со основците од ОУ “Кочо Рацин“ и од ОУ “Љубен Лапе“ кои што се наоѓаат на подрачјата на надележност на полициските станици.
На превентивната работилница што се одржа со ученици од седмо и осмо одделение од основното училиште “Кочо Рацин“ а во рамки на проектот “Безбедност во училиштата“ учествуваа и претставници од секторот за образование при општина Центар. Темата, како и во претходните работилници низ општините Кисела Вода, Чаир, Гази Баба, Аеродром, Карпош, Сарај, беше фокусирана првенствено на превенцијата од насилството меѓу младите во повеќе негови сегменти- врсничко насилство, семејно насилство, насилство преку социјалните мрежи, насилство на спортските натпревари. Покрај ова, во рамки на работилницата се говореше и за девијантните појави на зависности - од алкохол и дрога, потоа за трговијата со луѓе, како и за сообраќајната безбедност, злоупотребата на пиротехнички средства, односно проблематики каде што децата можат да бидат загрозени и потенцијални жртви. И во ОУ “Кочо Рацин“ беше формиран Клуб за превенција составен од ученици од училиштето.
Во основното училиште “Љубен Лапе“, каде што веќе е формиран Клуб за превенција, се одржа работилница на тема “Детски права и обврски“.