Денеска (15.10.2022) на подрачјето на Ресен, Секторот за внатрешни работи Битола - Полициската станица Ресен во координација со РСБСП спроведоа превентивна кампања ,,Безбедно возење на трактор и земјоделски машини''. Во рамки на активноста, на тракторите и земјоделските машини беа поставувани флуоресцентни лепенки за поголема видливост. Исто така, со лицата што управуваат земјоделска механизација беше разговарано за важноста од исправноста на механизацијата вклучена во сообраќајот.