Во рамките на новиот превентивно-едукативен проект на СВР Тетово „Сообраќајна култура и младите во сообраќајот", на 14.10.2022 се одржа уште едно од серијата предавања, овој пат во Основното училиште „Гоце Делчев" во Тетово. На предавањето присуствуваа ученици од деветто одделение и тие беа запознаени со основните сообраќајни поими, знаци и правила, но и со тоа- како безбедно да управуваат велосипеди и електрични тротинети и како безбедно да се движат по улици и патишта на кои нема обликувани тротоари. Исто така, по предавањето беше одговорено и на повеќе прашања на учениците.
Проектот, чиј носител е Отсекот за превенција на СВР Тетово, има за цел подигнување на сообраќајната свест и култура на младите. Проектот ќе трае до крајот на годинава и со него ќе бидат опфатени ученици од деветто одделение во над 60 основни училишта на тетовско-гостиварското подрачје.