14 октомври 2022

„Безбедни градинки“ – превентивна активност на СВР Скопје

Во рамките на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје заедно со полициски службеници од Полициското одделение Петровец во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, денеска (14.10.2022) во градинката „Гоце Делчев“ во општината Илинден беше реализирана едукативна работилница на тема сообраќај со деца од предучилишна возраст.

Полициските службеници низ интерактивен пристап, остварија контакт и разговори со децата преку пренесување на најважните информации за сообраќајната безбедност и култура, ги запознаа со сообраќајните правила што треба да ги знаат во сообраќајот, а воедно им беше поделен и едукативен материјал (боенки).