Денеска (13.10.2022), во рамки на веќе отпочнатиот превентивен проект „Безбедност во училиштата“, од полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје, заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност – Кисела Вода беше реализирана едукативна работилница во Основното училиште „Круме Кепески“ на подрачјето на општина Кисела Вода. Воедно од ученици од седмо, осмо и деветто одделение, беше формиран Клуб за превенција што ќе функционира во ова основно училиште.
Согласно концептот на проектот, темите на едукативните работилници првенствено се однесуваа на насилството меѓу младите во повеќе сегменти - врсничко насилство, семејно насилство, насилство преку социјалните мрежи, насилство на спортските натпревари. Исто така, во предавањата беа опфатени и девијантните појави на зависности - од алкохолот, од дроги, потоа трговијата со луѓе, како и сообраќајната безбедност, злоупотребата на пиротехнички средства, односно подрачја каде што детската популација е крајно чувствителна и загрозена.
Воедно учениците беа информирани за суштината и целите на формираниот Клуб за превенција, преку кој што тие можат да ги заштитат своите права, но и да се заштитат од опасностите и заканите од девијантните форми на однесување.