Денеска (13.10.2022), полициски службеници од ОВР Прилеп во соработка со Советот за безбедност во сообраќајот на Општина Кривогаштани и РСБСП одржаа едукативни предавања на учениците во основните училишта во Општина Кривогаштани под мотото „Безбедноста на прво место“. Притоа, беа поделени и едукативни материјали на учениците.
ОВР Ресен, исто така, денеска спроведе превентивна активност за заштита и спречување од кражби „Безбедна заедница - мирна заедница", при што во станбени згради и куќи на подрачјето на Ресен беа остварени средби со граѓаните, споделени совети за заштита на имотот и истовремено им беа поделени летоци со едукативна содржина.