12 октомври 2022

ОВР Свети Николе со превентивно едукативна презентација на учениците од гимназијата Кочо Рацин во Свети Николе

 

Денеска (12.10.2022), полициски службеници за превенција при ОВР Свети Николе одржаа превентивно - едукативна презентација со средношколците од средното општинско училиште - Гимназија „Кочо Рацин“ од Свети Николе, на тема „Наркоманија и алкохолизам и нивното влијание во периодот на адолесценција“.

Целта на оваа и ваквите активности е како да се препознаат девијантните појави кај младите и ризиците од злоупотреба на наркотични дроги и алкохол и нивно превенирање.