10 октомври 2022
ОВР Свети Николе со превентивно едукативна презентација на учениците од гимназијата Кочо Рацин во Свети Николе
Денеска (10.10.2022), полициски службеници за превенција при ОВР Свети Николе одржаа превентивно едукативна презентација со средношколците од средното општинско училиште - гимназија Кочо Рацин од Свети Николе на тема сајбер -булинг, како да се препознае овој вид на насилство кај младите, но и како превентивно да се делува за елиминирање на ваквата појава.