07 октомври 2022

Превентивни активности под мотото „Безбедно во сообраќајот“ со најмладите од градинки од Куманово и од Крива Паланка

Во рамки на одбележување на „Недела на детето “ на подрачјето на Куманово и на Крива Паланка, од страна на полициски службеници од СВР Куманово денеска (07.10.2022) се реализираа превентивни активности под мотото -„Безбедно во сообраќајот“ со деца од предучилишна возраст од детските градинки „Развигорче“ од ЈОУДГ „Ангел Шајче“ од Куманово и ОУЈДГ „Детелинка“ од Крива Паланка.
Притоа, децата заедно со полициски службеници имаа можност на крстосници да видат кои се основните правила за прописно движење по тротоар, безбедно преминување на улицата на пешачки премин и преминување на семафор во придружба на унифомирани полициски службеници. Исто така полициските службеници заедно со децата поставија летоци со едукативна содржина во форма на прекршочен платен налог на непрописно паркираните возила, кои се и причина за повеќе сообраќајни незгоди во кои страдаат и децата пешаци.
Во текот на превентивната активност децата беа запознаени и со опрема која ја користат полициски службеници за контрола и регулирање на сообраќајот.