14 јули 2015

Реализиран проект од областа на превенцијата

Преставници на Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, Регионален центар за Гранични работи - Север во соработка со Oпштина Шуто Оризари,Скопје и Одделението  за превенција во СВР Скопје на ден 07.07.2015 година во време  од 11,00 до 12,30 часот во  просториите на Oпштина Шуто Оризари организира заедничка активност од областа на превенцијата на тема:„ Стоп за злоупотребата на визната либерализација во Р.Македонија.

Целта на   превентивната едукативната средба и трибина  беше потикнување на безбедносната свест  кај  населението за правилна употреба на визната либерализација и влез во земјите членки на Европска Унија и Шенген зоната.

За време на активноста  следеа дискусии, и  беа поставувани  прашања од страна на целната група околу  безвизното патување во земјите на Европска Унија на кои полициските слижбеници од РЦ за ГР Север   даваа прецизни одговори, укажувања и запознавање  со законската регулатива со злоупотребата  на правата од безвизниот резим и Шенгенскиот договор

По, завршување на превентивната активност од страна на инспекторите за превенција на  РЦ за ГР Север  на присутните граѓани  од Шуто Оризари им беа доставени  флаери -едукативен материјал на македонски и ромски јазик  со практични информации за безвизен режим и патување во  земјите членки на Европска Унија. 

Со овој проект се оставарени следните цели:

 -Преку овој проект се настојува да се изгради високо ниво на соработка и доверба помеѓу  граѓаните  и Граничната полиција.

- Јакнење на превентивната улога на полицијата преку проактивен пристап-соработка со заедницата.

-подигање на јавната свест кај населението се о цел опстанокот на правото за Визна либерализација и безвизно патување на државјаните на Р.Македонија.