Вчера (06.10) полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност при СВР Битола и од Полициското одделение Новаци реализираа превентивни активности во Битола, како и во селата Добромири, Дедебалци, Будаково, Ношпал, Мусинци, Радибор и Логоварди, а под мото "Бизнисот и безбедноста" и "Безбедна заедница - мирна заедница".
Притоа на средбите со граѓаните и со стопанственици од овие населени места полициските службеници ги информираа и едуцираа граѓаните за мерките и можностите на заштита од имотни деликти, потоа за користењето технички помогала односно уреди за алармирање, снимање и слично, како и за превентивната соработка и комуникација со полицијата во насока на спречување на имотните деликти. На граѓаните им беа делени и летоци со информативно-едукативни содржини од областите на имотните деликти.