06 октомври 2022

Превентивна активност на ОВР Свети Николе во соработка со Здружението на пензионери од Лозово

Полициски службеници за превенција од ОВР Свети Николе, во соработка со Здружението на пензионери од Лозово денеска (06.10.2022) во Домот за пензионери во Лозово реализираа превентивна активност - средба со пензионери, посветена на проблематиката околу спречување на извршување на кривични дела: кражби во куќи и станови, џебни кражби и измами, чиј што таргет особено се постарите лица, односно пензионерите.


Во непосредните разговори полициските службеници им укажаа на граѓаните на низата начини за препознавање на обидите за измами, за неопходноста од зголемена внимателност и самозаштита од овие видови на имотни деликти, како и начините со кои можат конкретно да се спречат, во соработка со полицијата.


Инаку, целта на активноста беше да се делува превентивно и едукативно во насока на намалување на бројот на кривични дела, заштита на својот личен имот од кражби во куќи, станови и други објекти, како и заштита од џебни кражби и измами.