Денеска (06.10) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола и од Полициската станица Новаци на подрачјето на општина Новаци реализираа превентивни активности насочени кон безбедноста во сообраќајот, особено од аспект на користење на земјоделска механизација и приклучни возила.
Имено, со оглед на периодов кога интензивно се одвиваат земјоделските активности на цело подрачје на СВР Битола, РСБСП и Отсекот за превенција од Битола во континуитет реализираат средби со земјоделците во рамки на кампањата „Безбедно возење на трактор и земјоделски машини“.
Притоа, и денеска од страна на полициските службници на тракторите им беа поставувани флуоресцентни лепенки и ротациони светла за поголема видливост, а со сопствениците беше разговарано за неопходноста од нивна исправност и употреба, како и за исправноста на останатата земјоделска механизација вклучена во сообраќајот.