Полициските службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје продолжувајќи со превентивниот проект “Безбедност во училиштата“, денеска (05.10.2022) заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Аеродром, реализираа превентивна едукација во Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во општина Аеродром.
Согласно проектниот концепт и овој пат темите на едукативната работилница беа насилството односно повеќе негови сегменти - меѓу младите, во семејството, на социјалните мрежи, на спортските натпревари – потоа девијантните појави поврзани со алкохолот, дрогите, трговијата со луѓе, како и сообраќајната безбедност, злоупотребата на пиротехнички средства. Истовремено, во рамки на работилницата беше формиран и училишен Клуб за превенција со децата од седмите и осмите одделенија во училиштето, при што полициските службници укажувајќи им за нивните права и должности, како и за улогата на полицијата во нивната заштита имаа за цел да ги мотивираат учениците за нивно проактивно учествување во креирањето училишно безбедни средини.
Инаку, во изминатите денови исти вакви работилници и формирање на Клубови за превенција беа реализирани во скопските основни училишта „Васил Главинов“ во Чаир и „Љубен Лапе“ во Аеродром.