04 октомври 2022

Формиран Клуб за превенција во училиште на подрачјето на скопски Аеродром

 

Во рамките на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје, а како дел од годишната програма на одделението за превенција „Безбедност на училиштата“, денеска (04.10.2022) во ООУ „Љубен Лапе“ во општина Аеродром беше реализирана едукативна работилница при што беше формиран Клуб за превенција составен од ученици од седмо и осмо одделение во ова училиште.

Во текот на работилница учениците беа информирани за неколку девијантни појави, почнувајќи од насилството меѓу децата, насилството на спортските натпревари и преку социјалните мрежи, семејното насилство, потоа за штетноста од употребата на дроги, алкохол, пиротехнички средства, како и за трговијата со луѓе, детските права и начините за превенција и спречување на овие појави во училиштата. Исто така, на учениците им беше укажано за потребата од соработка и комуникација со полицијата, особено во насока на рано детектирање на овие штетни појави.

Одделението за превенција при СВР Скопје продолжува со овие активности што ќе се реализираат во форма на едукативни работилници, два пати во тековниот месец во договор со училиштата. А примарно е формирањето на Клубови за превенција и нивно реално функционирање како важни и рамноправни фактори во заедницата, со свои права но и одговорности.