04 октомври 2022

Превентивна активност на СВР Велес

Денеска полициски службеници од Отсекот за превенцијa при СВР Велес спроведоа превентивни активности посветени на заштита од таканаречени џебни кражби, но и од измами чиј што таргет се повозрасни лица. Во непосредна комуникација со граѓаните, особено повозрасната популација и пензионерите, полициските службеници укажуваа на начините за препознавање и превенција од измамите, како и мерките за заштита од џебни кражби.
На затекнатите граѓани им се подели и едукативен печатен материјал.