Вчера (29.09.) полициски службеници од Полициската станица Битола и од Полициското одделение Кажани реализираа превентивни активности на подрачјата на своите надлежности.
Така, во централното градско подрачје во Битола и во селото Кажанина, полициските службеници на средба со претставници на месни заедници и со граѓани, разговараа на неколку теми од областа на превенцијата – превенција од кражби, за безбедноста на месна зедница, за безбедно управување со земјоделска механизација, но и за превенција и заштита од пожари, како и за опасностите од употреба на огнено оружје за време на прослави и веселби.
Исто така, вчера и полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Прилеп, на подрачјето на градот реализираа превентивни активности под мотото –„Паркирај совесно – паркирај одговорно“ и „Фокусирај се на патот-не користи мобилен телефон“. Притоа, покрај укажувањата на учесниците во сообраќајот, односно возачите, на граѓаните и возачите им беше поделен печатен едукативно-информативен материјал.