27 септември 2022

Превентивна активност на СВР Битола-ОВР Ресен

Денеска (27.09) во Ресен, полициски службеници од СВР Битола - ОВР Ресен заедно со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата присуствуваа со свој штанд на манифестацијата "Преспански јаболкобер 2022". Притоа, на граѓаните и на земјоделците кои управуваат земјоделска механизација им беа поделени летоци и друг материјал со совети во делот на безбедноста во сообраќајот на патиштата.