Во рамки на превентивните активности „Безбедни училишта“, а во соработка со Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Куманово денеска (26.09.) во посета на СВР Куманово беа ученици од прво одделение од основно училиште „Наим Фрашери“ од Куманово.
Учениците имаа можност да се запознаат со основните средства за работа на полицијата, со секојдневните активности на полициските службеници, начинот на регулирање на сообраќајот и движење по улица, како и работа на терен. Притоа децата беа запознаени со основните правила за прописно движење по тротоар, преминување на улица на пешачки премин и преминување на семафор во придружба на унифомирани полициски службеници.
Со ваквите активности целта е и кај намладите од најрана возраст да се гради сообраќајна култура и свест.