26 септември 2022

Превентивна активност на СВР Струмица и РСБСП

Денеска (26.09.) полициски службеници од Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Струмица во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообракајот на патиштата, реализираше превентивни активности фокусирани на безбедноста во сообраќајот.

Притоа во населените места Куклиш, Банско, Моноспитово и Бориево, струмичко, под мотото “Управувај безбедно со земјоделски машини“ полициски службеници во непосреден контакт со граѓаните, пред се со возачи на земјоделски машини укажуваа за потребата од стриктно почитување на сообраќајните правила и прописи.

Воедно, на необележаните трактори и приклучни возила влечени од трактори беа поставувани флуоресцентни самолепливи траки заради нивно обележување при управување во ноќни услови и при намалена видливост на патот, а се со цел намалување на ризиците од сообраќајни незгоди во кои учествуваат овие моторни возила.