Денеска (23.09.) полициски службеници од Полициските станици Пехчево и Берово при СВР Штип во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во Основното училиште “Ванчо Китанов“ во Пехчево реализираа едукативна работилница со децата од првите одделенија.
Работилницата која што имаше превентивен карактер беше посветена на темата на сообраќајната безбедност на учениците, при што под мотото "Безбедно од дома до училиштето" на учениците им беа презентирани основните сообраќајни правила и прописи битни за нивната безбедност како учесници во сообраќајот, односно како пешаци. Воедно полициските службеници на првачињата им поделија печатен едукативен материјал - сообраќајна лектира и други материјали.