Вчера (22.09.2022) во просториите на Полициската станица Кисела Вода беше реализирана сообраќајна поука на лица учесници во сообраќајот кои направиле сообраќаен прекршок како пешаци, минувајќи надвор од обележан пешачки премин или непочитувајќи ја семафорската сигнализација, согласно одредбите од членовите 116 и 118 од Законот за безбедност во сообраќај на патиштата.
На сообраќајната поука на граѓаните им беше дадена можност непосредно да се информираат за сообраќајните правила и прописи по однос на пешаците, а воедно преку поуката потенцијалната законска санкција за направените прекршоци да им биде ефектуирана со предупредување.
Инаку, целта на оваа и на другите вакви сообраќајно-воспитни мерки е преку непосреден разговор со полициските службеници мотивирачки и превентивно да се влијае на граѓаните во подобрување на примената на сообраќајните правила и прописи, подобрување на културата во сообраќајот и пред се зголемување на безбедносните сообраќајни стандарди.