22 септември 2022

СВР Штип го одбележа 22-ри Септември – „Ден без автомобили“

 

Денеска (22.09.2022) полициски службеници од Полициската станица Штип и Отсекот за превенција при СВР Штип, со децата од детската градинка „Вера Циривири Трена“ ( клон Развигорче) го одбележаа 22 - ри Септември „Ден без автомобили".

По повод овој ден со децата од градинката полициски службеници дефилираа во околината на градинката, при што на граѓаните им беа поделени ликовни творби направени од децата.