22 септември 2022

Превентивна активност на СВР Куманово во рамки на „Европска недела на мобилност“

 

Во рамки на „Европска недела на мобилност“ денеска на подрачјето на Куманово и на Крива Паланка, од страна на полициски службеници од СВР Куманово во соработка со претставници на Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, се реализираа превентивни активност преку симболичното манифестирање на заедничко возење велосипеди во придружба на полициските службеници низ централните градски подрачја на двата града. Притоа, покрај промовирањето на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот, се промовираше и велосипедот како мобилно и алтернативно превозно средство.

Во оваа прилика од страна на полициските службеници на велосипедистите им беше укажано на потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи и носењето кацига, како и носењето рефлектирачки елек во услови на намалена видливост за време на возењето по патиштата. Полициските службеници, заедно со ОСБСП практично ја промовираа употреба на алтернативните форми на мобилност, посебно велосипедизмот не само заради подобрување на безбедноста во сообраќајот, туку и заради криерањето на поздрава животна средина.