Во рамки на „Европската недела на мобилност“, Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Велес и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска (22.09.) во Велес, односно во Основното училиште „Васил Главинов“ реализираа превентивна активност меѓу учениците од ова основно училиште.
Притоа, со првачињата беше разговарано за алтернативни форми на мобилност како што е пешачењето и велосипедизмот, но и вниманието при возењето на велосипеди. Исто така, на велосипедистите им беа делени и флаери со едукативни содржини за правилата и прописите кои треба да ги почитуваат велосипедистите, а дополнително во рамките на денешните активности полициски службеници од СВР Велес одиграа пријателски фудбалски натпревар со ученици од велешките средни училишта.