Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, вчера (21.09.) на улицата „Кеј 13- Ноември“, во непосредна близина на Градски парк, реализираше превентивна кампања под мотото – „Вози велосипед“.
Во рамките на оваа активост, инаку реализирана по повод Европска недела на мобилност, полициски службеници и претставници на РСБСП во непосредна комуникација со граѓаните, пред се, оние кои што управуваат велосипеди, укажуваа за важноста од користењето на велосипедите како заради одржливоста на мобилноста, така и за правилното управување согласно позитивната сообраќајна законска регулатива.