22 септември 2022

Превентивна активност на СВР Струмица

Денеска (22.09.2022), Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи Струмица во рамките на одбележување на неделата на мобилност спроведе превентивни активности на повеќе локации во Струмица, каде на возачи на велосипеди им беше укажано кои лица може да управуваат велосипеди на пат, до која возраст може да бидат децата кои се превезуваат на велосипеди, правила кои треба да ги почитуваат при возење во ноќни услови и слично.

Исто така а во разговор со велосипедистите им беше укажано и за поважните законски обврски кои важат за велосипедистите.

Во рамките на оваа активност од страна на полициските службеници беше поделен едукативен материјал.