21 септември 2022

Превентивни активности на Полициското одделение Новаци и Полициската станица Македонски Брод– СВР Битола

Денеска, полициски службеници од Полициското одделение Новаци при Секторот за внатрешни работи Битола реализираа средба со жители од населените места Новаци, Логоварди и Добромир, а со цел превентивно укажување и информирање за заштита на граѓаните од имотните деликти, кражбите и измамите.

Покрај ова, денеска во Македонски Брод, како и на регионалниот пат Прилеп - Кичево од страна на полициски службеници од Македонски Брод спроведена беше превентивна активност од областа на сообраќајот под мотото „Вози одморен - не потценувај го заморот" при што на возачите, во соработка со РСБПС, им беше поделен печатен едукативен материјал со содржини околу законските норми и правила од областа на сообраќајот.