Вчера (20.09.) Одделението за превенција при СВР Скопје продолжи со спроведувањето на превентивни активности. Во населбата Лисиче, односно во паркот Бановина и во ТЦ Лисиче, заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Аеродром, реализираа превентивна активност посветена на превенција од имотни деликти.
Притоа, полициските службеници заедно со претставници од локалната самоуправа од општина Аеродром и од урбаните и месни заедници од ова подрачје, на граѓаните им презентираа информации за начините за самозаштита, потоа за новите појави на извршување на кривични дела – измами, пред се кај постари лица и пензионери и начините на кои тие можат да се превенираат и спречат.
Целта на проектот, покрај едукативно-информативниот карактер е заштита и превенција, односно намалување на бројот на кривичните дела од овој вид, преку упатување порака до пошироката јавност за поголема будност и внимание за заштита на својот личен имот од кражби по станови , куќи и други објекти, поголемо внимание од џепните кражби и измами.