21 септември 2022

Превентивна активност на Регионалниот центар за гранични работи Исток – Полициска станица за ГП и ГН Делчево

Ученици и наставници од основното училиште „Ванчо Прке“ од селата Габрово и Звегор, делчевско, вчера (20.09.) на покана од Регионалниот центар за гранични работи Исток, во соработка со Полициската станица за ГП и ГН Делчево го посетија овој граничен премин.

Притоа, од страна на Полициските службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Делчево, учениците беа запознаени со работата на граничната полиција, со функционирањето на граничен премин и гранична контрола (гранични проверки и граничен надзор), а воедно им беа презентирани средствата со кои работи граничната полиција за надзор, возилата со кои располага и од страна на водичот на службено куче им беше покажано и службеното куче со кое работи полицијата.