20 септември 2022

Превентивна активност на Регионалниот центар за гранични работи Југ

Денеска (20.09.) во Прифатниот центар за мигранти Винојуг - Гевгелија беше реализиран средба посветена на меѓуинституционална соработка за превенција од заразни болести.

На средбата, на која што присуствува началникот на РЦ за ГР Југ, д-р Славчо Богев, секретарот на ООЦК Гевгелија, Лазар Мешков, претставници од Привремениот транзитен центар и од ПС за ГП и ГН "Богородица", присуствуваа и претставници од МТСП, УНЦХР, ИОМ, МИЛА, ЦУК, Легис и ЈРС.

Тежиште на активноста низ призмата на мигрантската криза беше превенцијата од заразни болести, како и моделите за кординација по однос на таа превенција. На средбата едукативно излагање имаше д-р Боне Стевановски со поддршка од волонтери на Црвен крст Гевгелија. Исто така, на средбата беа поделени едукативни флаери со клучните препораки за спречување и заштита од заразни болести.