Полициски службеници од Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Велес, денеска (20.09.) во соработка со полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дроги, психотропни супстанци и оружје при криминалистичката полиција во СВР Велес, реализираа едукативна работилница со учениците од Средно економско училиште „Јовче Тесличков“ во Велес.
Тема на работилница беше посветена на превенција од дрога, алкохол и насилство помеѓу младите. Притоа, преку едукативно информирање на младите им беа укажани законските, социјалните, но и здравствените опасности што овие девијантни поведенија ги носат со себе. Едукативната работилница имаше за цел поконкретно запознавање на учениците со зависностите од дрога и од алкохол, за реперкусиите од истите, како и превентивните мерки за заштита што им стојат на располагање на младите.